100% приватна македонска компанија — од првиот склад во Куманово до доминантен снабдувач со арматурно-бетонско железо и производи од црната металургија.
Посветеност кон клиентите, квалитет без компромис и постојан раст.
Целосна посветеност, истражување на потребите на потрошувачите и надминување на нивните очекувања во снабдување со арматурно-бетонско железо и метални производи.
Континуиран раст и развој со можност за меѓународни достигнувања, со постојано учење, креативност и меѓусебно почитување на сите човечки ресурси.
Со отворањето на првиот склад за градежни материјали во Куманово, компанијата воведе сопствено производство на бетонски блокови и бекатон плочки кои брзо станаа препознатливи по квалитет. Инвестициите во сопствен транспорт — камиони, влекачи, полуприколки, автоцистерни и автодигалки — овозможија навремена и сигурна испорака.
По неколкугодишно успешно работење, отворен е и склад за трговија на големо со арматурно-бетонско железо, арматурни мрежи, статик носачи и жичани производи. Способноста да се одговори на специфични барања по квалитет и стандарди нè направија лидер на пазарот.
Од сопствена фабрика за цевки и профили до царински терминал и современ возен парк — Квалитет Пром е синоним за сигурност во снабдувањето.
Основана како 100% приватна семејна компанија, поврзана со претходно претприемачко работење во градежништво — изградба на куќи до клуч на рака.
Меѓу првите со одобрение за Царински склад и поедноставени постапки за локално царинење. Наскоро имател на царински терминал за увозно-извозно царинење и инвестиција во затворена хала со кранови и машини за обработка на арматура.
Основана градежната компанија Рапид Билд, со инвестиции во најсовремена опрема. Компанијата се јавува и како инвеститор во станбен објект во Скопје.
Квалитет-Пром станува доминантен сопственик на фабриката за заварени цевки и профили ФЗЦ 11 Октомври АД од Куманово — со позитивни резултати и зголемено производство.
Компанија со широк опсег дејности и репутација на сигурен и стабилен партнер во снабдување со арматурно-бетонско железо и производи од црната металургија.
Секоја испорака одговара на стандардите B500B / B500C, со сертификати за квалитет.
01Сопствен возен парк и автодигалки до 50т за брза и сигурна испорака низ цела Македонија.
02Од арматура и мрежи до блокови, покривни елементи, цевки и профили — сè на лагер.
0336 години изградено име и доверба кај градежните компании низ целата држава.
04Нашето работење е потврдено со сертификати за квалитет и признанија од задоволни клиенти.
Побарајте понуда и нашиот тим ќе ви одговори во најкус можен рок.
Контактирајте нè